Михаилов: Цела Струмица е окупирана од Заеви, избркан сум од работа за пост на фејсбук

Михаилов тврди дека никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси.

3,583

Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив.Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела земја- рече Кире Михаилов на вечерашниот протест на ВМРО- ДПМНЕ против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.

Тој рече дека е еден од низата луѓе неистомисленици на власта, кој поради тоа се нашол  на улица.






– Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија. За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа ? Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност – рече тој.

Ова, додаде тој,  се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин.

– И ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат.Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден. Но тоа нема да се случи. Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија – рече  Михаилов.

 

Поврзани содржини