Кина и се приклучи на Глобалната алијанса за вакцина КОВАКС
Според податоците на Обединетите нации, Кина со оваа своја одлука стана најголемата економија што ја поддржа иницијативата, на која досега и се придружија повеќе од 150 земји.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјата се приклучила кон Глобалната алијанса за вакцини КОВАКС, чија цел е снабдување на земјите со ниски и средни приходи со потребната вакцина против Ковид-19, јави ДПА.
Според податоците на Обединетите нации, Кина со оваа своја одлука стана најголемата економија што ја поддржа иницијативата, на која досега и се придружија повеќе од 150 земји.
Програмата ја предводи Алијансата за вакцини ГАВИ, Коалицијата за иновации за подготвеност на епидемии (ЦЕПИ) и Светската здравствена организација (СЗО).
ДПА потсети дека САД и Русија одбија да се приклучат кон иницијативата.
– Ова е важна мерка на Кина за поддршка на концептот на заедница со здравствена заштита и да ја исполни својата заложба за промовирање на вакцините како глобален јавен производ – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг.
Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно соопшти дека вакцината против Ковид-19, што се развива во Кина, ќе биде глобално јавно добро.
Кина во моментов има четири компании што работата на развојот на вакцина против коронавирусот и сите се наоѓаат во третата фаза од клиничките испитувања, додава ДПА.