Најмногу меѓу новозаразените се на возраст од 20 до 39 години
Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица
Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 28 септември до 4 октомври 2020 година, тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 1,5 отсто повеќе во однос на минатата недела, информира Министерството за здравство.
Регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2 отсто или 3 отсто повеќе во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=239, 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=220; 18,3%), 50-59 (n=200; 16,6%), 30-39 (n=222; 18,5%) и 20-29 (n=194; 16,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 3,2%) и 10-19 години (n=90; 7,5%). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на ново регистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60 отсто односно 46,1 отсто, соодветно.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1074; 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври, 403 (37,6%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последни 14 дена.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на претходната недела.
Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.