Точно во 14 часот пред Владата започна закажаниот протест на сопствениците на ноќни клубови и музичарите.
Веќе се собрани повеќе естрадни уметници, меѓу кои и Сузана Гавазова, Анета Молика, Суперхикс, Тони Зен и многу други.
Пред Владата е поставена бина на која пишува „Ноќен клуб“ од каде ќе се пушта музика.
Организаторите велат дека ќе протестираат за добивање на финансиска поддршка од државата, но и против дискриминацијата кон нив и за нивното право на работа.