Актерката Џенифер Гарнер, поранешна сопруга на Бен Афлек, позната е по тоа што негува здрав и природен изглед.
Како потврда за тоа, ја покажа својата фигура и природниот изглед.
Џенифер има 48 години, а многумина велат дека и понатаму изгледа одлично.
Актерката решила денот да го помине на плажа и во капење во Малибу, во друштво на својата ќерка Виолет. Неуморните папараци беа таму и ја снимија во едноделниот костим за капење, кој патем одлично ѝ стои.
Притоа, Џенифер покажа дека и таа како остатокот од женската популација, има стрии и целулит, и дека воопшто тоа не ја загрижува, напротив, гордо го покажува своето тело.
На својот профил на Инстаграм, неретко објавува фотографии на кои нема грам шминка, и притоа го лицето без корекции, со сета своја убавини, но и недостатоци.
Во еден момент, и таа и ќерка ѝ ги ставија заштитните маски на лицето, додека уживаа на плажата.