Најмладата сестра во семејството Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер (23) ги разнежнила своите следбеници на социјалните мрежи.
Милијардерката Кајли објавила фотографии со нејзината двегодишна ќерка Сторми, која ја доби во врска со раперот Травис Скот (29), и го прославиле првиот училиштен ден од дома.
Малата Сторми позирала во црна маичка со кратки ракави и панталони, а како секој ученик, имала и ранец. Меѓутоа, на сите „им паднала во око“ токму тој ранец, кој чини неверојатни 10.000 евра. Целата комбинација ја надополнила со бели патики.
Гордата мајка напишала: „Првиот училиштен ден од дома“!
Меѓутоа, сите не биле воодушевени од прескапиот стајлинг на малата Сторми, па ѝ забележале на Кајли дека претерано ја разгалува ќерка си. Тие посочиле дека облеката и додатоците за училиште треба да бидат многу поскромни, а особено кога станува збор за од дома – девојчето може да носи и пижами.
Ова не е првата дизајнерска чанта на Сторми, таа веќе има две брендирани. Едната ѝ ја подарила мајка ѝ, и чини 1.000 евра, а другата тетка ѝ Клои Кардашијан, и таа чини 1.700 евра.
На видеото се гледа и таткото на Сторми, Травис. И покрај тоа што тој и Кајли раскинаа лани, се шпекулира дека повторно се заедно.