Продеканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски во денешното гостување во Дневник 2 на националната телевизија истакна дека Единствената национална платформа е подготвена за старт на онлајн настава.
– Денес се уште сме во фаза на тестирање, но целосно сме спремни за стартот на учебната година. За самиот старт на учебната година најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс за да може да се спроведува онлајн наставата. Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот и денешниот ден без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Во моментот работиме на оптимизација на останатиот дел од платформата којшто е хостиран кај нас, пред сѐ на инфраструктурата на којашто се наоѓа платформата и мислам дека имаме многу добар напредок – рече Јакимовски.