Мицкоски: Лага е дека владата помогнала со една милијарда евра, помошта е многу помала и не стига каде што треба

265

 

 

Владата на Зоран Заев лаже дека им помогнала на граѓаните со милијарда евра, помошта за жал е многу помала, рече вечерва во емисијата „Топ Тема“ Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. 






– Сето она што беше соопштено на прес конференција од страна на Зоран Заев мора да биде испорачано. Затоа што испораката е многу важна. Ние можеме да си кажуваме многу работи, но доколку испораката изостане, тогаш попусто било тоа што сме го говорелe. Вчера слушавме дека практично една милијарда евра е помошта, но тоа е она само што е кажано, а помошта во суштина на дело е многу помала – додаде Мицкоски.

Прашањето е за што се трошат народните пари, ако вие имате реализација во првите три пакети од 195, 196 милиони евра, а биле предвидени 550, додаде Мицкоски.

– Истовремено државниот долг само во вториот квартал е зголемен за една милијарда евра, ако имаме на дневна основа троцифрена бројка на заразени од КОВИД затоа што никако не излегуваме од овој прв бран кој прогласивме дека сме го победиле во втората половина на мај, тогаш во четвртиот пакет очекувате дека ќе има реални мерки, а не ова што се понуди – рече Мицкоски.

Тој посочи дека допрва очекува реални забелешки.

– Забелешките ценам допрва ќе следат, зошто испораката е многу важна. Значи важно е дали и како ќе се спроведуваат мерките зошто овие досега не беа реализирани – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини