Актерката Шерон Стоун откри кој од нејзините филмски партнери најдобро се бакнува.
Кога Енди Коен ја праша во емисијата „Watch What Happens Live“, кој од нејзините колеги се бакнува најдобро и најлошо, таа веднаш го даде одговорот.
– Роберт де Ниро дефинитивно најдобро се бакнува – рече таа.
Шерон и Де Ниро играа брачна двојка во филмот „Казино“ од 1995 година и судејќи според тоа како го пофали, добро ги запаметила бакнежите.
– Навистина му се восхитував. Само сакав да седам на маса со него. Можеби затоа што го сметав за толку посебен, тоа ми беше совршен бакнеж – вели актерката.
Шерон тогаш се пошегува дека тој не може дури и да стори ништо лошо.
– Бев толку луда по него што можеше да ме удри со чекан по главата и сепак ќе бев воодушевена. Беше прекрасно. Не можам да споредам ниту еден друг бакнеж од филм со неговиот. После тоа, сите беа така-така – заклучи Шерон.