Бошкоски од Инфективна: Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично

580

Лидерот на Обединети за Македонија , Љубе Бошкоски преку Фејсбук информира дека е во добра состојба откако синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника.

– Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене. Чувајте се, напиша Бошкоски.

Поврзани содржини