Верувале или не: Загубил на изборите, а бил единствениот кандидат

Имено за резултатот да биде важечки, било потребно да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во оваа мала општина на гласање излегле 49 проценти од нив.

1,526

Членот на партијата „Лига“, Примиано ди Мауро загубил на локалните избори за функцијата градоначалник во малата општина Лезина, Италија, гратче со 6.000 жители, иако бил единствениот кандидат.

Имено за резултатот да биде важечки, било потребно да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во оваа мала општина на гласање излегле 49 проценти од нив.






Па така победата која изгледала сигурна, бидејќи тој немал конкуренција, се претворила во бизарен и веројатно единствен пораз, затоа што немало противкандидат.

Медиумите кои известувале за овој случај, кој е за во рубриката „верувале или не“, пишуваат дека победиле тие кои ги бојкотирале изборите, т.е. не го искористиле своето демократско право да гласаат.

Поврзани содржини