Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје има 45, Куманово 4, Штип 1, Прилеп 7, Тетово 6, Струга 3, Битола 2, Охрид 3, Гостивар 1, Струмица 7, Крива Паланка 2, Кочани 3, Македонски Брод 1, Виница 1 и Кичево 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од Скопје 42, Куманово 17, Штип 7, Прилеп 16, Тетово 10, Велес 1, Битола 2, Охрид 4, Гостивар-10, Гевгелија 4, Крива Паланка 5, Радовиш 2, Кочани 4, Пробиштип 2, Пехчево 2, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 3, Ресен 1.
Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53), од Гостивар (60), од Прилеп (57), од Струга (60) и еден пациент од Битола (60).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, бројката на оздравени пациенти е 14.084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078.