Еве како изгледа Кефалонија по бурата „Јанос“ (ФОТО+ВИДЕО)
На снимките можат да се видат автомобили кои се речиси до врв затрупани со земја и камења.
Моќната и ретка бура „Јанос“, која во петокот минатата недела погоди неколку делови на Грција, однесе три човечки животи и предизвика огромна материјална штета. Најпогодени беа островите Крит, Итака и Кефалонија.
Селото Асос на Кефалонија, на пример, остана без патишта откако надојдената вода носеше сè пред себе. Грчките медиуми објавија снимки и фотографии од Асос и од други места на островот кои се доста популарни и меѓу нашите туристи.
На снимките можат да се видат автомобили кои се речиси до врв затрупани со земја и камења.