Четиричлено семејство излетало со возило кај Неготино, загина едно лице

443

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде вчера автомобил со скопски регистарски таблички излетал од патот, при што едно лице починало, а тројца се повредени.

Според информациите од Обвинителството, возилото марка „Опел корса“ излетало од патот Неготино-Демир Капија околу 13.50 часот, а во него се превезувале четири лица, членови на едно семејство.






Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.​

Поврзани содржини