МОТОР ИЗЛЕТАЛ, МОТОРЏИИТЕ ПОВРЕДЕНИ На 15.09.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во селото Враништа, мотоцикл „хонда“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.З.(44) од Враништа, излетал од коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот К.Ш.(19) од селото Јабланица се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.
САКАЛЕ ДА ГО СИЛУВААТ ВО ЗАТВОР На 15.09.2020 во 10.45 часот во СВР Охрид, вработен во Казнено поправната установа Затвор Охрид, заедно со 19-годишник од Струмица, кој издржува казна во затворот, пријавиле дека на 09.09.2020 околу 03.00 часот, во собата на 19-годишникот насилно влегле осудениците Ч. и С. и се обиделе да извршат обљуба врз него. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ ПРЕД ДВОР На 15.09.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на 14.09.2020 во периодот од 17.00 до 23.00 часот, З.К. од селото Близанско, С.Б. и нејзиниот син А.Б. од селото Самоков, пред дворното место од куќата сопственост на Б.Т. (60), се однесувале агресивно кон Б.Т. и неговото семејството, а З.К. упатил закани со остар предмет. Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ВИНИЦА На 15.09.2020 во 18.45 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот Маршал Тито и улиците Партизанска и Славчо Стојменски во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено твинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Виница и патничко возило „алфа ромео“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.П. и сопатникот во возилото „алфа ромео“ С.М.(24) од селото Зрновци, Кочанско, а со телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Здравствениот дом Виница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.
ПРОНАЈДЕН Е ЖИВ На 15.09.2020 во 06.20 часот било пријавено дека во селото Лопате, Кумановско, во близина на железничка пруга, бил пронајден Б.П.(81) од Куманово за кого на 14.09.2020 неговата ќерка З.В.(55) од селото Пепелиште, Неготинско, пријавила дека се оддалечил од домот.
НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ, ПРИВЕДЕН Е На 15.09.2020 во 02.40 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ф.(41) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирење на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ЈА НАПАДНАЛ ПРЕД СКЕНДЕРБЕГ На 15.09.2020 во 07.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Стара скопска чаршија, во близина на споменикот „Скендербег“, А.С.(44) од Скопје физички ја нападнал А.Х.(44) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СЕ СКАРАЛЕ И СЕ СТЕПАЛЕ ВО СКОПЈЕ На 15.09.2020 во 11.52 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Никола Русински бил нарушен јавниот ред и мир со карање и викање помеѓу неколку лица. Полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки констатирале дека настанала расправија помеѓу Н.А.(24) и Д.С.(23), двајцата од Скопје, од една страна и К.К.(25) од Пехчево, И.Д.К.(41) од Кавадарци и О.К.(49) од Кавадарци, од друга страна, по што К.К. физички ја нападнала Н.А..Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 и по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ПОЧИНАЛ ОСУДЕНИК На 15.09.2020 во 20.55 часот во СВР Куманово, од Затвор Куманово – Отворено одделение Крива Паланка било пријавено дека во затворот починал осуденикот О.Р.(44) од Куманово. Увид извршиле екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и лекар од Здравствен дом Куманово, кој констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
ОБЉУБИЛ МАЛОЛЕТНА ДЕВОЈКА На 15.09.2020 во 12.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 39-годишна жена од радовишко село пријавила дека на 12.07.2020 во викенд куќа покрај патот Куманово – село Клечовце, М.И.(20) извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СЕ ШЕТАЛЕ, НАМЕСТО ДА СЕДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА СВР Штип поднесе кривични пријави против Н.Л.(47) од Скопје и М.Ј.(16) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 10.05.2020, односно на 06.06.2020 пријавените биле затекнати надвор од своите домови за време на забрана за движење.
За истото дело ќе одговараат и Р.М.(63) и А.Џ.(23), двајцата од Штип. На 01.07.2020, односно на 21.08.2020, полициски службеници извршиле контрола и не ги затекнале пријавените во своите домови и покрај тоа што имале решенија за изолација во времетраење од 14 дена, донесени од ДСЗИ. На тој начин тие постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки со цел спречување на ширење на вирусот и заштита на населението на Република Северна Македонија.