Јанева го тужи Боки за 22 фотографии, за другите ќе му прогледа низ прсти

Станува збор за 22 фотографии кои се наоѓаа во телефонот на Бојан. Не поднесовме за повеќе, иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на повеќе места, претежно во домот, но има и во ресторан. Сите фотографии беа дел од „Рекет“, рече адвокатот на Јанева, Кадиев.

2,119

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13-ка за 22 фотографии кои се најдени во неговиот мобилен телефон, а кои тој ги снимил во нејзиниот дом или на друго место.

Адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, после денешното рочиште рече дека висината на казната не е толку важна колку што е важно дека е земен замав со неовластено снимање и фотографирање, кое потоа се користело за свои цели. На рочиштето денеска не дојдоа ниту Јанева, нути Јовановски. Тој е во болница по итна операција, а таа е во домашен притвор во Гевгелија.






– Катица поднесе тужба откако увиде дека во телефонот на Бојан има снимки од нејзиниот приватен живот со кои се нарушува и принципот на заштита на приватност. Превидена е казна од три месеци затвор, но не е тоа поентата. Катица ценеше дека е земен преголем замав, дека се снима неовластено и потоа се користи за свои цели. Станува збор за 22 фотографии кои се наоѓаа во телефонот на Бојан. Не поднесовме за повеќе, иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на повеќе места, претежно во домот, но има и во ресторан. Сите фотографии беа дел од „Рекет“ – рече Кадиев денеска.

Следното рочиште е закажано за 19 октомври. До тогаш се очекува Јовановски да закрепне и да се врати во затворот во Шутка.

 

Поврзани содржини