Горан Сладиќ е новиот генерален директор на Пивара Скопје
Сладиќ најави дека неговиот ангажман во Пивара ќе се темели на три столба.
Горан Сладиќ на функцијата генерален дитектор на Пивара Скопје стапи на 1. септември и доаѓа на местото на Дан Тимотин, кој е унапреден во генерален директор на Coca-Cola HBC за Чешка и Словачка.
Тој најави дека неговиот ангажман во Пивара ќе се темели на три столба.
– Првиот секако е силната традиција на Пивара Скопје, вториот е фокусот на иновациите и градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности и можности на нашите брендови, а третиот столб ја претставува нашата апсолутна посветеност кон луѓето и развојот на талентите – изјави Сладиќ
Горан Сладиќ е искусен менаџер кој ја започнал својата кариера во Coca-Cola HBC во Хрватска во 2003 година. Пред доаѓањето во Пивара Скопје, тој беше на позицијата регионален директор за продажба на Coca-Cola HBC во Нигерија, што ја извршуваше од 2017 година. За време на неговиот ангажман во Нигерија компанијата постигна рекордни продажни резултати и беа воведени многубројни иновативни решенија кои ги унапредија продажните капацитети. Пред преземањето на функцијата во Нигерија, Сладиќ бил одговорен за сегментот на премиум жестоки пијалаци на Coca-Cola HBC во Југоисточна Европа.
Пивара Скопје веќе 98 години е присутна на домашниот пазар на пиво и безалкохони пијалаци. Компанијата е дел од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V.