Мицкоски: Опозицијата е конструктивна, но имаме деструктивна власт
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има три барања и ќе протестираат додека тие барања не се исполнат.
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за протестот кој ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата по повод поскапувањето на цената на електричната енергија од страна на владата на СДСМ и порача дека ќе извршат притисок врз власта да го укине поскапувањето на струјата и политиките кои што не им одат во прилог на граѓаните.
– ВМРО-ДПМНЕ и коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ е народна коалиција и практично сите оние неправди кои се нанесуваат на народот ние ќе го артикулираме заедно со народот и ќе го поддржиме народот на улиците, а паралелно со тоа ќе се бориме во институциите заедно со сите останати опозициони партии кои што исто така сакаат да рефлектираат и артикулираат опозициони ставови кои што мислат дека сето ова што го прави оваа мафија на власт е погрешно и дека е спротивно на интересите на граѓаните. Така што ќе треба да се навикнат да го гледаат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи партијата на улиците заедно со народот, истакна Мицкоски.
Тој кажа и дека упатиле повик до сите оние поединци, невладини организации без разлика на етничката припадност кои што ценат дека имаат антивладини ставови.
– Ова кое што ние цениме дека го прави оваа Влада, оваа мафија на власт е погрешно на интересите на граѓаните да ни се придружат да се обединиме затоа што само така можеме заедно сите обединети и посилни да го бутнеме ова што денеска ни се случува во државата, додаде Мицкоски.
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има три барања и ќе протестираат додека тие барања не се исполнат.
– Првото наше барање беше враќање на старата цена на електричната енергија бидејќи цениме дека ова кое што денеска се случува навистина е груба злоупотреба на стандардот на граѓаните и директно осиромашување, поготово сега во услови на криза кога гледаме едно од мерките на сите западноевропски држави во услови на пандемија е токму тоа да се субвенционира или на некој начин да се олесни сметката за електрична енергија, а кај нас гледаме дека се случува спротивното односно се зголемува таа сметка за граѓаните и директно се удира по стандардот на истите, истакна тој.
Мицкоски во своето гостување укажа дека второто барање кое што ВМРО-ДПМНЕ го има е веднаш неодложно носење на мерката која беше ветена од третиот пакет антикризни мерки.
– Бидејќи веќе гледам зборуваат за четвртиот, а третиот пакет мерки не е ни до третина исполнет, а да не зборуваме дека е исполнет, а тоа е викенд ДДВ. Самите тие го најавија во септември, дека секој викенд во септември граѓаните ќе можат да пазаруваат и на сметката ќе им биде одземено ДДВ односно ќе пазаруваат со 18% помала цена. Бараме веднаш тоа барање да биде исполнето бидејќи септември дојде, еден викенд е позади нас, еден викенд е пред нас. Не очекувам дека тоа ќе се случи во следниот викенд, така да еве од нас барањето ќе биде последните два викенди во септември и првите два во октомври, 4 викенди да имаме викенд без ДДВ. Цениме дека на тој начин граѓаните ќе им се олесни стандардот кој што и така е тежок. Гледаме десетици илјади граѓани остануваат без работа во овие услови на пандемија, кажа Мицкоски.
Според него трета работа која ќе ја побараат е деполитизарање односно департизација на Регулаторната комисија за енергетика, но во вистинска смисла.
– Формално секој оној кој ќе седне таму се деполитизира. Но, да не ни случуваат кадри како овој тука кој денеска е седнат господинот Бислимовски кој што го гледаме на слика како прославува во седиштето на СДСМ а потоа го гледаме на слика како ни објаснува дека граѓаните треба да плаќаат за 7,5% поскапа електрична енергија од тоа што го плаќаат до сега, посочи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување потсети дека во државата има коалиционите партнери кои што вклучуваат коалиции од интерес наместо да склучат коалиција која ќе подразбира подобри мерки, визија, стратегија за да го олесни животот на граѓаните.
– Тие склучуваат коалиција и следниот ден дел од тој договор е менување на детални урбанистички планови како оној кој се случи во Тетово, а такво нешто ќе се случува и ќе се презентираа и тука во Скопје. Така да воопшто не станува збор за политичка туку за мафијашка структура која денеска владее со Македонија – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.