Објавен новиот роман на Мартиновска „Куќата со жолта фасада“
Романот е дневнички записи на Ева, Виктор и другите ликови преку кои е создадена е сторија за силата на љубовта и силата на жената.
Во издание на „Бата прес“ објавен е романот „Куќата со жолта фасада“ од авторката Билјана Мартиновска.
Преку дневничките записи на Ева, Виктор и другите ликови, создадена е сторија за силата на љубовта и силата на жената која останува да стои исправена пред предизвиците кои ѝ ги носи судбината и може да го поднесе секој товар, поради желбата за продолжување на животот.
Билјана Мартиновска е родена на 8 август 1977 година во Струга. Дипломирала На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а творечкиот порив ја натерал дополнително да студира и дипломира македонски и англиски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет во Битола.
Книгата денес, во 14 часот, ќе биде претставена на во Промотивниот центар на Саемот на книгата, а ќе ја промовира писателот и книжевен критичар Денис Бојаров.