Пандев: Дојдовме во Грузија по трите бода, атмосферата е одлична
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18:00 часот во Динамо Арена во Тбилиси.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, пред утрешниот дуел против Грузија во Лигата на нациите изјави дека „жолто-црвените“ дошле по трите бода во Тбилиси.
– Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени, но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат – изјави капитенот Горан Пандев.
Поради повреди селекторот нема да смета на Иван Тричковски и Кире Ристевски.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18:00 часот во Динамо Арена во Тбилиси.