Граѓаните со сметки во Еуростандард банка подоцна ќе го добијат повратот на ДДВ
За април мај и јуни исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236 493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ.
Во април мај и јуни 2020 година 304 472 лица скенирале 41.650.814 фискални сметки со што е остварен прометод над 21, 4 милијарди денари, информира Управата за јавни приходи.
За ова тримесечје исплатен е поврат од 268.763.538 денари на 236 493 лица кои скенирале фискални сметки и кои имаат наведено точни податоци во Апликацијата МојДДВ.
Од УЈП информираат дека за корисниците на апликацијата кои имаа наведено трансакциска сметка од Еуростандард Банка исплатата на повратот беше стопирана, истата ќе се изврши откако ќе ги ажурираат податоците односно ќе наведат трансакциска сметка од друга банка.
Управата за јавни приходи апелира и до сите граѓаните корисници на апликацијата МојДДВ да внесат точни податоци како би се извршила исплатата на повратот на дел од ДДВ искажан во фискалната сметка.
Оттаму појаснуваат дека најчести причини поради кои не е извршена исплатата се: погрешно внесена трансакциска сметка, внесена трансакциска сметка на друго лице а не на корисникот на апликацијата, или е внесен бројот на платежната картичка наместо број на трансакциска сметка.