И Алијанса за Албанците му го сврте грбот на Џафери

1,479

Алијанса за Албанците од собраниската говорница денеска порача дека нема да присуствуваат во изборот на Талат Џафери за претсeдател на Собранието затоа што не сакаат да учествуваат во изборот на функционер „со вреќа на украдени гласови од страна на ДУИ“.

По ова реагираше пратеникот Изет Меџити од ДУИ кој во својата реплика истакна дека се неосновани обвинувањата на Алијанса за Абанците за спроведените избори после кои немаше ниту еден доказ за какво било фалсификување на волјата на граѓаните.






Претходно и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави дека нема да го поддржи предлогот за реизбор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Пратеникот Никола Мицевски образложи дека Џафери и во изминатиот мандат не ја вршел добро функцијата, Деловникот бил постојано прекршуван и 40 отсто од законите биле носени по скратена постапка со што била оневозможена дебата.

 

Поврзани содржини