Поради повремени прекини во делот на индустриската зона Пинтија, без електрична енергија утре и задутре ќе останат дел од жителите од општината Кисела Вода.
Како што информираат од РЦУК-Скопје, без струја утре и задутре ќе бидат жителите од делот од семафорите во населба Пинтија до влезот на Драчево, а прекинот ќе трае од 8 до 17 часот.
Во понеделник, 24 август, од 8.30 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од викенд населба Орешани во општина Зелениково.
Од 11 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Шар Планина“ од бр. 1 до бр. 30, „Пекљане“ од бр. 1 до бр. 30, и „Бертранд Расел“ од бр. 1 до бр. 30 во општината Ѓорче Петров.