Една од најгнасните особини на човекот е да збори и да суди за она што не знае или не разбира ништо, или уште пострашно, да знае и разбира, ама од интерес да каља и да гнаси други луѓе.
Во Македонија тоа се преточува во две практични однесувања на гнидите: кога се под некого – да се лигават, кога мислат дека се над – да се иживуваат.
И трета работа, таквите обожаваат да се сладат на сечиј неуспех или пех, а најмногу сакаат кога тоа ќе му се случи на некој што бил успешен, па доживеал неуспех.
И таквите денес се најгласни во делење памет и лекции, во зајадливост и нискост.
Ќе ги препознаете по една проста карактеристика: сите тие јадат и планираат и во иднина да јадат од оваа лигава власт, а глуматаат народни мудреци додека само блатат луѓе по наредба или заради лична човечка мизерија.
Се изнагледавме такви деновиве, запамтете си ги.
(ФБ статус на авторот)