Русија почна со производство на вакцината против ковид-19

Први кои ќе ја примат новата вакцина во Русија ќе бидат медицинските работници и професорите во образовните установи. 

306

Русија почна со производството на вакцината против ковид- 19.

Првиот човек на институтот Александар Гинсбург вели дека успешно се поминати сите безбедносни процедури. Тој тврди дека нејзиното пуштање во оптег не е избрзано и оти не се работи за натпревар со конкурентските земји.






„Оваа вакцина е изработена исклучиво во согласност со руските закони. Тие овозможија нејзината изработка да биде забрзана во услови на итни случаи, а корона пандемијата е дефинитивно ваков случај. Не го намаливме бројот на тестови потребни за да се докаже дека вакцината е безбедна, но затоа паралелно со изработката ја тестиравме. Повеќе од 3.500 луѓе ја пробаа вакцината без да се здобијат со некои посериозни контра ефекти, само помали кои се добиваат од кој било вид на вакцина, како на пример блага температура.“

Од Светската здравствена организација велат дека се уште нема доволно податоци за да процени дали вакцината ги задоволува стандардите. Ројтерс пренесува дека некои научници стравуваат оти Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста на здравјето на луѓето.

Први кои ќе ја примат новата вакцина во Русија ќе бидат медицинските работници и професорите во образовните установи.

Поврзани содржини