Арсовски: Агенцијата која ја обезбедувала ЕВН, зела уште 21 милион евра од тендери во државни институции

Арсовски информира дека општините Ѓорче Петров и Аеродром потпишале договор со оваа Агенција, а таа ги добила и тендерите на Град Скопје и Струмица гас.

1,294

ВМРО-ДПМНЕ откако вчера објави дека се сомнева дека приватна Агенција за обезбедување од Струмица  испумпува пари преку  универзалниот снабдувач на електрична енергија  за семејството Заеви, денеска  ја обелодени шемата како агенцијата добивала работа од држани институции и претпријатија.

Портпаролот на партијата Димче Арсовски рече дека преку оваа агенција се испумпувале пари  на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп.






– Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во  семејството Заеви и СДСМ – рече Арсовски.

Тој побара одговори од институциите преку кои се отвора сомнеж дека оваа приватна агенција за обезбедување испумпува пари од нив за семејството Заеви.

– Општина Ѓорче Петров која  на 18.06.2020 година склучила втор договор во висина од  11.795.280,00 денари. Општина Аеродром платила 7.079.929 денари за договор за обезбедување склучен на 31.12.2019 година, односно на денот на Новата година. Корисник на услугите на оваа агенција е и Петре Шилегов, кој преку Град Скопје склучил договор во вредност од 11.999.995 денари на 01.08.2019 година, на кој исто така му е втор договор со оваа агенција, а првиот бил склучен на 19.09.2018 година и бил со висина од 7.680.034 денари – рече Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ информира и дека пари оваа агенција земала и од Струмица гас.

– Фирмата благодарение на која што Струмичани плаќаат најскап гас во светот, од каде што инкасирале 1.178.454 денари со договор склучен на 03.04.2020, а и претходната 2019 година инкасирале 1.180.000 денари или вкупно околу 2.5 милиони денари. Како корисници на услугите се јавуваат и општина Струмица од каде што потекнува истата агенција и Зоран Заев, Катастарот на недвижнини, ЈП Нискоградба Битола и други државни институции или претпријатија во државна сопственост – додаде Арсовски.

Арсовски побара ревизија на сите тендери кон оваа приватна компанија, но рече дека ВМРО-ДПМНЕ  не очекува институциите под водство на Заев да покренат нешто.

Поврзани содржини