Од промената на времето најзасегнати крвните садови, зајакнете ги со витамин Ц, советуваат од Итна помош
Промената на времето се одразува на еластичноста на крвните садови кај луѓето, коишто со годините стануваат пофрагилни и потврди. Па така, повозрасните и хронично болните потешко се прилагодуваат кон промените на времето. Затоа не треба нагла промена - од постудена просторија да се излегува надвор на потопло, а важно е и да се внесува редовно витаминот Ц, којшто влијае на еластичноста на крвните садови - порачува д-р Милица Бубало, раководителка на Службата.
Значителната промена на времето која настапи денеска, со намалување на температурите за околу 10 степени Целзиусови, може да предизвика проблеми со здравјето, особено кај хронично болните лица. Најзасегнати се крвните садови – предупредуваат лекарите од скопската Служба за итна медицинска помош.
– При промената на временските услови и на атмосферскиот притисок неоходно е болните од кардиваскуларни, белодробни и други заболувања да ја земаат редовната терапија и да го следат крвниот притисок. Промената на времето се одразува на еластичноста на крвните садови кај луѓето, коишто со годините стануваат пофрагилни и потврди. Па така, повозрасните и хронично болните потешко се прилагодуваат кон промените на времето. Затоа не треба нагла промена – од постудена просторија да се излегува надвор на потопло, а важно е и да се внесува редовно витаминот Ц, којшто влијае на еластичноста на крвните садови – порачува д-р Милица Бубало, раководителка на Службата, која дневно има по околу 100 повици.
Таа советува доколку и покрај земањето редовна терапија, некој граѓанин почувствува влошување на здравствената состојба, да се јави во Итната помош или да го консултира својот матичен лекар.
Дневните потреби од витамин Ц изнесуваат 500 милиграми, а кај пушачите тие се двојно поголеми.
Овој витамин го има во свежиот зеленчук и овошјето, магдоносот, а може да се зема и во таблети.