ВМРО-ДПМНЕ: Индустријата бележи драматичен пад, а Заев се вози со луксузни мотори

Од Партијата тврдат дека Заев и СДСМ секојденвно покажуваат дека не се способни да ги решаваат проблемите на граѓаните.

240

Индустриското производство драматично падна за 15% во вториот квартал, а Зоран Заев си вози луксузни мотори, реагира  ВМРО-ДПМНЕ на полсендите статистички податоци за индустриското производство.

Од Партијата тврдат дека Заев и СДСМ секојденвно покажуваат дека не се способни да ги решаваат проблемите на граѓаните.






– Се очекува поскапување на електричната енергија, а Заеви си делат тендери во РЕК Битола и го полнат со партиски послушници.Секојдневно десетици граѓани ги губат животите, а стотици го губат здравјето како резултат на ескалацијата на корона кризата, а Заев и Филипче само лажат дека ситуацијата била под контрола.Освен полнење на сопствените џебови Заев и неговите соработници не ги интересира ништо друго, а најмалку проблемите на граѓаните – велат од   ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека наместо капитални инвестиции, проекти и нови фабрики како што ветуваше СДСМ, сведоци сме на рекет, корупција, уцени и нарачани судски одлуки.

– Тоа е реалната слика за овие луѓе кои повеќе од три години пустошат во државата и при тоа секојдневно ги лажат граѓаните дека државата е на добар пат.На Република Македонија не и се потребни политичари од типот на Зоран Заев кои освен лаги и манипулации не знаат ништо друго, туку луѓе кои се чесни, стабилни и професионалци во својата област на делување, кои ќе придонесат за подобро утре – велат од ВМРО-ДПМНЕ..

Поврзани содржини