Ахмети до верниците: Почитувајте ги препораките на здравствените власти

Да се ​​помолиме заедно за здравјето на сите погодени и за надминување на оваа тешка состојба што го промени нашиот начин на живот што е можно побрзо и полесно, пишува во честитката Ахмети.

374

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети  им го честита празникот Курбан бајрам на  муслимамските верници со апел да ги почитуваат препораките на здрвствените и верските власти.

„Ние го прославуваме годинашниов празник на Курбан Бајрам во посебни услови по јавното здравство, затоа ве молам да се придржувате до препораките на здравствените и верските власти. Посакувам празникот да ве најде во добра здравствена состојба за сите вас и вашите семејства и да ви донесе просперитет и радост за вас, народот и земјата. Да се ​​помолиме заедно за здравјето на сите погодени и за надминување на оваа тешка состојба што го промени нашиот начин на живот што е можно побрзо и полесно“, пишува во честитката Ахмети.

Поврзани содржини