Се снима серија поврзана со трката за вакцина против ковид-19

Засега нема информации за кастингот, бројот на епизоди, како и датумот од премиерното емитување.

426

Веста сама по себе е доволно апсурдна, како и времето во кое живееме. „HBO“ во голема мерка зачекори во проектот снимање на серијата „The First Shot“, која ќе има ограничен број на епизоди, а е базирана на книгата која ја напишал новинарот Бренан Борел.

Поконкретно, серијата ќе говори за компаниите и поединците кои од научна гледна точка ризикуваат многу со цел да обезбедат вакцина за болеста кој моментално го мачи човештвото. Тоа што се уште нема ваквина е друга приказна.






Засега нема информации за кастингот, бројот на епизоди, како и датумот од премиерното емитување.

Новинарот Борел е познат и по пишувањето на текстови поврзани со пандемијата и пронаоѓањето на вакцината, а тие беа објавени во „Wired“, „National Geographic“ и „Science Magazine“. Исто така, тој пишуваше и за ретки генетски болести за „New York Times“.

Покрај оваа серија, кога станува збор за актуелната пандемија и неодамнешните ТВ проекти, „HBO“ исто така работи и на комедијата „Coastal Elites“. Нејзиното снимање се случува во време на коронакризата, а премиерата се очекува наесен.

Поврзани содржини