Од утре мобилен пункт за брисеви во Свети Николе

195
Комисијата за заразни болести одговори на барањето на Кризниот Штаб на општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица на ЦЈЗ Велес, Свети Николе со посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.





„Контролните прегледи ќе се закажуваат од ЦЈЗ Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар. Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот“, се вели во соопштението.
Поврзани содржини