Црногорците во шок: Снимен кит покрај една од омилените плажи ВИДЕО

1,282

На Фејсбук се појави неверојатна снимка од Јадранот, локалното население не памети ваква сцена.

На фејсбук-страницата на Институтот за биологија на морето во Котор, се појави видео на кое се гледа кит перајар во морето, на оддалеченост од една милја пред Понте Весло на Луштица.






Заедно со овие информации, беше објавена и благодарност до екипажот на бродот „Монтефиш“, кој ја направил и доставил снимката до Институтот.

Овој тип на кит најсигурно може да се препознае по неговата асиметрично обоена долна вилица: десната страна е бела, а левата темна.

 

ФОТО: Јутјуб
Поврзани содржини