Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој беше негов заменик во МВР.
– По денешното примопредавање на должноста, согласно со постојните законски одредби, Нухиу ќе раководи со Министерството до изборот на нова влада, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи, соопшти МВР.