Кое албанско јадење мора да се проба пред да се умре? Дуа Липа: Ајвар! (ВИДЕО)
Тоа е како смеса од печена пиперка, се става во тегла, луто е, може да се јаде со многу работи. Со јајца, со пита од спанаќ која што исто така е уште еден албански специјалитет - вели таа.
Британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, предизвика бурни реакции во јавноста кога на својот Инстаграм профил објави фотографија со т.н. „Голема Албанија“, а денеска, таа повторно влезе во нов скандал откако ајварот го промовираше за албанско традиционално јадење.
Пејачката беше гостинка во шоуто „First we Feast“, a на прашањето кое албанско јадење мора да се проба пред да се умре, таа одговори – ајвар!
– Тоа е како смеса од печена пиперка, се става во тегла, луто е, може да се јаде со многу работи. Со јајца, со пита од спанаќ која што исто така е уште еден албански специјалитет – вели таа.
Во продолжение, погледнете го видеото: