Ќе се пробива Западен булевар во Кавадарци

Комплетно се уредуваат коловозните ленти со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар, на спојот со улицата Ресавска,  со регионалниот пат и улицата Јован Планински.

455

Во завршна фаза е проектот за пробивање на Западен булевар во Кавадарци, информираа денеска од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

– Се работи на сообраќајната сигнализација. Комплетно се уредуваат коловозните ленти со хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на Западен булевар, на спојот со улицата Ресавска,  со регионалниот пат и улицата Јован Планински. Поставени се сообраќајни знаци и обележани се околу 400 квадратни метри. Овој проект веќе со години е баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16.440.158 денари – информирааа оттаму.

 






Истовремено, се поставуваат метални столбови на улицата Браќа Миладинови со цел поголема безбедност во сообраќајот за пешаците и за возачите.

– Континуирано работиме на подигање на нови зелени површини. Хортикултурно е уреден просторот покрај кејот на реката Луда Мара во селото Ваташа – информираа од Кабинетот на градоначалникот Јанчев.

Поврзани содржини