Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не ја предвидува функцијата почесен претседател на партијата. Според ова ни Љубчо Георгиевски како прв, ни Никола Груевски како втор претседател на ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да бидат почесни претседатели на партијата. Ова вечерва го потврди Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија при ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата.
Статутот, како што рече тој, не предвидува почесни претседатели.
– Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели – изјави Тошкоски.