Менкиноски до Поповски: Еден од ножињата, еден од предавниците, да не се повториш….а веруј, и нема да се повториш
Адвокатот Тони Менкиноски преку Фејсбук му одговори на ексминистерот за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски дека лидерот Христијан Мицкоски треба да признае пораз на изборите и партијата да оди во опозиција. Менкиноски преку објавата вели дека едвај чекал прилика да му каже на Поповски дека е еден од предавниците.
– Во една прилика зимата 2017, во ходниците на Централниот штаб беше запрен од Никола Груевски на краток муабет, муабет во кој Груевски го повика дотичниов да појде со него до пред министерство за Правда, и заедно да протестираат за укинување на притворот за лицата кои учествуваа во настаните од 27ми Април.
Попоски му одговори со:
– Јас да дојдам да протстирам за тие? На што ти личам?
Груевски со неколку соработници продолжи по патот и дојде со нас стотината на протестот, Попоски си замина во канцеларија, отмено и надмено давајќи до знаење дека сепак реализиран лик како него, нема што да бара и да се меша со обични партиски смртници кои мрзнеа на улицата на минус 25.
Одамна чекав ова да дојде прилика да го кажам, еве приликата дојде денес.
Еден од ножињата, еден од предавниците, еден од минатото.
Да не се повториш….а веруј, и нема да се повториш.
Твоето во ВМРО-ДПМНЕ заврши, напиша Менконоски.