Во Шпанија за три недели двојно повеќе заразени од ковид-19

За време на викендот во Шпанија регистрирани се 4.581 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус се искачи на 264.836. Досега во земјата починаа 28.000 луѓе.

214

Во Шпанија по укинување на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 расте бројот на новозаболени лица.

Според шпанските здравствени власти бројот на нови случаи кон крајот на јуни изнесуваше осум на 100.000 жители, кога беше укинат карантинот, сега е 27 на 100.000 жители.

За време на викендот во Шпанија регистрирани се 4.581 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус се искачи на 264.836. Досега во земјата починаа 28.000 луѓе.

Откако во Шпанија се ублажија или укинаа рестриктивните мерки и граѓаните се вратија на секојдневниот живот се појавија околу 200 нови жаришта, со големи концентрации на заразени лица во каталонските градови Барселона и Леиде.

– Жариштата се појавија таму каде ги ублаживме мерките. Зборуваме за големи семејни прослави и посетите во ноќните клубови, изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.

Поврзани содржини