Рускоска и Јовановски разменија коментари: Кој е „девијантен криминален ум“, а кое е „девијантно алкохолизирано обвиниение“

Јас кажав дека може да смисли еден девијантен ум, јас не реков кој, појасни Рускоска.

4,094

Бојан Јовановски се служи со лични квалификации. Тој е обвинет. Мене прво ме направи коруимпиран обвинител, па со ништо не успеа тоа да го докаже и секакви квалификации користи што не му доликуваат, изјави обвинителката Вилма Рускоска за коментарот на Јовановски во судница „девијантно алкохолизирано обвиниение“.

– Јас кажав дека може да смисли еден девијантен ум, јас не реков кој. Јас никого до сега ниту во „Рекет“, ниту во овој предмет имам намера лично да навредувам, затоа што тоа не е во правец на докажување на фактичка состојба. Бојан и во претходниот случај , а и сега, се служи со лични квалификации – рече Русковска.






Претходно Бојан Јовановски во судница реагираше на воведните зборови на обвинителката Вилма Рускоска, која, меѓу другото, рече дека такви лаги за оваа организација може да смисли само девијантен и криминален ум. Јовановски прво побара судијата да ја опомене обвинителката, а потоа рече:

– За обвиниението можам да кажам девијантно алкохолизирано обвиниение.

За тоа доби опомена од судијката, по што реагираше дека Судот не ја опоменил обвинителката, а сега него го опоменува.

Поврзани содржини