Туристичките работници ѝ ги предадоа барањата на Царовска
Тие бараат продолжување на мерките за субвенционирање на платите и придонесите.
Угостителите, туристичките работници и транспортери денеска ја информираа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска за нивните барања поврзани со надминување на кризата предизвикана од ковид-19 и предлозите за нови мерки.
Теи бараат продолжување на мерките на владата за справување со здравствената криза и тоа субвенционирање на платите и 100 отсто на придонеси до крајот на годината, потоа целосно ослободување од плаќање на ДДВ за туристичките агенции во дојдовен туризам, како и измени на протоколите за превоз со туристички автобуси. Туристичките работници, бараат со мерките да се опфатат и туристичките агенции формирани на почетокот на годината како и туристичките водичи.
Дел од нивните барања се однесуваат и на финансиското работење, односно одлагање на ратите за кредитите кои , како што велат не можат да ги плаќаат бидејќи немаат никаков прилив на пари.
Претставниците на секторот очекуваат и нови мерки од владата со кои сметаат дека ќе можат да ј прербродат кризата.
На средбата е истакнато дека голем број фирми од туристички и угостителски дејност ги имаат искористено бескаматните кредити од Развојната банка, како и финансиската поддршка за исплата на плати.
Владата 555 милиони евра за справување со кризата предизвикана од ковид-19. Дел од средствата беа за одржување на ликвидноста на компаниите, а дел за исплата на плати на работниците, со што се спасени околу 60.000 работни места.