Skopje Unplugged 2020 беше посветен на македонските изведувачи

Фестивалот го отвори Сара Мејс, со изведба на нејзините најголеми хитови. Приустните потоа ги забавуваше групата Фолтин, во уникатен акустичен стил со изведба на  „Везилка“, „Милице“.

1,206

Oвогодинешното издание на Skopje Unplugged фокусот беше целосно посветено на македонски
изведувачи. Посетителите на бината во винаријата Камник имаа  можност да чујат поголем број македонски музички изведувачи.

 

-Почитувајќи ги сите препораки на надлежните институции за заштита од коронавирусот, како и одлуката на Владата за одржување концерти и настани на отворено, Skopje Unplugged 2020 покажа дека е возможно музиката да не сплоти и да не поврзе дури и во услови на запазена физичка дистанца – изјавија организаторите на манифестацијата ЈУ Универзална сала.

 






Фестивалот го отвори Сара Мејс, со изведба на нејзините најголеми хитови. Приустните потоа ги забавуваше групата Фолтин, во уникатен акустичен стил со изведба на  „Везилка“, „Милице“.

 

За крај на концертот, свој настап имаше Тамара Тодевска со својот бенд и акустична изведба на дел од песните кои ја одбележаа нејзината богата кариера.

 

Фестивалот Skopje Unplugged е во организација на ЈУ Универзална сала, под покровителство на Град Скопје и со поддршка на винаријата Камник.

Поврзани содржини