Излезноста до 20.30 часот за предвремените парламентарни избори 2020 е околу 50,84 отсто, соопшти Државната изборна комисија на прес конференцијата во 21 часот.
По изборни единици, во првата единица има 52,17 отсто, во втората 47,97 отсто, во третата 57,41, во четвртата 59,78, во петтата 50,14, и во шестата единица најмалку 39,22 отсто.
– Би сакал да им се заблагодарам на сите граѓани за денешниот изборен ден, кој во исклучително комплицирани околности помина одлично со мали исклучоци во текот на денот. Им честитам на граѓаните за изразениот демократски капацитет во овој изборен ден – рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.