Одобрен лекот кој за пет дена го елиминира вирусот ковид-19

Од компанијата наведуваат дека клиничкото истражување во кое биле вклучени случаи со благи или средни симптоми, покажа дека лекот е ефикасен, објави „Ројтерс“.

29,202

Русија го одобри новиот антивирусен лек „Coronavir“ за лекување на пациенти заболени од ковид-19, а во производство на компанијата „R-Pharm“.

Од компанијата наведуваат дека клиничкото истражување во кое биле вклучени случаи со благи или средни симптоми, покажа дека лекот е ефикасен, објави „Ројтерс“.






„Coronavir“ е еден од првите лекови во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од ковид-19, туку против самиот вирус, се вели во соопштението на компанијата.

Според официјалниот извештај постои подобрување кај 55 проценти од хоспитализираните случаи на седмиот ден од лекувањето, во однос на 20 проценти од лекуваните пациенти со стандардна стиотропна терапија, што значи дека се лекува жариштето, а не спимптомите.

Од „R-Pharm“ наведуваат дека постои забележителна разлика во текот на 14 дена. До петтиот ден со третманот е елиминиран коронавирусот кај 77,5 проценти од пациентите кои го земале лекот.

Поврзани содржини