Откако беше нападнат, Сергеј Трифуновиќ беше избркан од протестот со раскрвавена глава (ФОТО/ВИДЕО)

Се појавија и фотографии на повредениот Трифуновиќ, со крвава глава.

1,673

Дел од демонстрантите кои се собрани во центарот на Белград го нападнаа Сергеј Трифуновиќ, јавуваат српските медиумите. На социјалните мрежи се појави снимка во која се гледа како тие го протеруваат актерот и како го напаѓаат.

Според медиумите, очевидци велат дека група луѓе го гонеле Трифуновиќ со ремени, протерувајќи го од протестот пред Националното собрание.






Едно од видеата на „Твитер“ го покажува Трифуновиќ како бега и е удрен во главата со фото-апарат.

– Слушнав дека некои од тие лица кои се таму,  некои велат дека се луѓе од протестот, некои велат дека се навивачи на некои клубови, го нападнале Сергеј, додека се движел и дека го удриле. Тоа е се – изјави  Драган Ѓилас.

Двајца репортери на Н1 го виделе стампедото, но не можат да потврдат дека групата го бркала Трифуновиќ.

Според медиумите, биле протерани и други членови на Движењето на слободни граѓани, како и дека поединци истурале пиво врз нив.

 

Поврзани содржини