Во расправија синоќа е прободено со нож момче од Чаир, соопшти полицијата.
Расправијата, како што соопшти полицијата, се случила кај фонтаната во паркот во Чаир меѓу две лица. Притоа едното на возраст од 16 години е прободено со нож и е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.