По објавената вест на Плусинфо во текстот „Ќе сведочат ли Заеви на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“?, со реакција се јави главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“ Александар Димковски која ја пренесуваме во целост:
„До Либертас и Плусинфо
На посочените портали вечерва е објавена информација за сведоците кои наводно ги побарал Боки 13 пред судските органи во државата. Во еден дел од текстот се споменува и моето име, како и името на весникот кој го уредувам со што е направена груба повреда на мојот личен и професионален интегритет како и на реномето на весникот „Нова Македонија“.
Напоменувам дека никогаш досега како новинар и уредник не сум имал било каков контакт со лицето Бојан Јовановски ниту пак со медимите и организации со кои тој се поврзува.
Исто ова важи и за весникот „Нова Македонија“.
Во таа насока очекувам исправка и повлекување на објавената лажна вест на споменатите портали со должно извинување кон мене и медиумот кој го уредувам“, напиша Александар Димковски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“.
Напомена од Редакцијата:
Делот од информацијата во која се спомнува господин Димковски е повлечен. Му се извинуваме за вознемирувањето.