Од почетокот на коронакризата 19.000 граѓани останале без работа
Повеќе од 3.600 луѓе останеле без работа во земјава во јуни, покажуваат податоците од Агенцијата за вработување.
Без работа во јуни останале 3.656 граѓани, покажуваат податоците од Агенцијата за вработување.
Најмногу отпуштања бележи производствениот сектор, а следуваат трговијата на големо и мало и угостителството.