Цените на нафтата паднаа под 43 долари

287

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска паднаа под 43 американски долари под притисок на новиот бран на пандемијата на коронавирусот во САД, за кој инвеститорите стравуваат дека може да го попречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

Цената на барел на лондонската берза падна за 56 центи на 42,56 долари.






На американската берза барел денеска се тргуваше за 58 центи пониско, односно за 40,07 долари.

Берзит вчера беа охрабрени со податоци за 4,8 милиони нови работни места во САД во јуни и расположението беше поддржано со падот на американските залихи на нафта.

Денеска вниманието се префрли на повеќе од 55.000 новозаразени во САД, најмногу од почетокот на пандемијата. Се стравува дека ширењето на заразата може да ги присили компаниите да прекинат со работа.

Поврзани содржини