ОБНОВЕНО Бројот на жртви во рудникот за жад во Мјанмар се искачи на 110

Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.

249

 Бројот на мртвите рудари од свлечиштето во рудник за жад во Мјанмар се зголеми на 110, изјави пратеник, јави ДПА

Би-Би-Си претходно јави за 50 загинати рудари, навестувајќи дека во несреќата има повеќе настрадни и дека тие се затрупани.

Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.

Мјанмар се смета за еден од најголемите производители на жад во светот, но во нивните рудници често пати доаѓа до несреќи.

Поврзани содржини