Леди Гага (34), ужива со своето момче Мајкл Полански (42), со кого е во врска од февруари. Пејачката била фотографирана со Мајкл во саботата во Малибу, Одат на шопинг, а таа носеше пица во рацете.
Сепак, кога и да ја фотографираат папараците, луѓето сѐ повеќе се изненадуваат од нејзиниот изглед и најчестото прашање што го поставуваат е – што се случило со пејачката?
Веќе извесно време Гага е мета на критики заради нејзиниот изглед, фановите ја критикуваат дека се здебелила. Но, поради последните фотографии, нејзините обожаватели мислат дека не се во прашање вишокот килограми, туку дека пејачката е бремена.
Имено, Гага повеќе не води сметка како излегува од дома, и не ѝ е грижа што постојано покажува повеќе отколку што треба да се покаже, но не на секси начин.
Облечена во ултра кратки панталони, кои повеќе наликуваат на гаќи и со огромен дуксер преку нив, носела пица во рацете. Веднаш по објавувањето на фотографиите се појавија шпекулациите дека Гага е бремена, и дека со огромниот дуксер сака да го скрие трудничкиот стомак.
FOTO: Instagram